ВИЦ

Паднал Мујо од 11 спрат и се собрала голема гужва за да видат што му се случило. Доаѓа Хасо во тој момент и го гледа Мујо како станува и ја брише прашината од себе. Хасо го прашува...."а бе, што се случило? Зошто толку народ се собрало?" Мујо..."од кај да знам.....и јас сега стигнав!!!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Friday, 20 April 2018 15:12 Фудбал

СП 2018 | Златан Ибрахимовиќ неодамна порача дека ќе патува на мундијалот во Русија, но сега селекторот на Шведска го „олади“ напаѓачот и истакна дека тој не е дел од неговите планови...



По трансферот во Лос Анџелес Галакси и почетокот на новата авантура со два гола на своето деби, Златан Ибрахимовиќ и неговиот можен настап на Светското првенство се топ тема.

Напаѓачот во неколку наврати навести дека ќе го гледаме на СП 2018, а во последното интервју, во шоуто на Џими Кимел тој порача: „Патувам на мундијалот во Русија. Светско првенство без мене не е Светско првенство”.

Но студен туш за Златан Ибрахимовиќ сега доаѓа од Шведска, селекторот Јане Андерсон вели дека напаѓачот не е дел од неговите планови.

„Златан и уште неколку други играчи кажаа дека повеќе не сакаат да играат за националниот тим по крајот на Европското првенство во Франција и јас ја почитував нивната одлука. Ако некој го променил своето мислење, ќе треба да ми се јави, да седнеме да разговараме и да видиме што понатаму. Но Златан ми се нема јавено” – вели Андерсон.

Запрашан дали во овој момент Ибра е во неговите планови, селекторот на Шведска одговори: „Не, апсолутно не, бидејќи рече дека повеќе нема да игра. Истото важи за сите оние кои рекоа дека повеќе нема да играат”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...